Навивачите на фудбалската репрезентација на Аргентина денес организираа втор протест пред хотелот во Доха каде се сместени членовите на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) за да им помогнат да најдат билети за финалето на СП кое го играат против Франција.
Претходниот ден атмосферата меѓу навивачите и официјалните лица беше тензична, а дел од навивачите држеа натписи „АФА, дајте ни билети“, па членовите на федерацијата се договорија денес да се сретнат со навивачите. Стадионот „Лусаил Иконик“, ќе биде местото каде се игра финалето, собира нешто помалку од 89.000 гледачи, но се дознава дека во Катар има повеќе од 30.000 Аргентинци кои сакаат да присуствуваат на финалето.
Билетите за финалето, кои чинат 750 долари, на црниот пазар се продаваат по 4.000 долари, цените достигнуваат астрономски цени и можат да се најдат од 5.850 долари до 14.000 долари.