Ариен Робен изненадувачки објави дека ја завршил својата професионална фудбалска кариера. 35-годишниот Холанѓанец последните 10 години ги помина во Баерн (Минхен), но по крајот на сезоната се збогуваше со баварците заедно со Франк Рибери.
Робен требаше да ја продолжи својата кариера во друг клуб, но на крајот поранешниот крилен играч ја донесе најтешката одлука и се одлучи да стави крај на кариерата.
„Без сомнение ова е најтешката одлука што требаше да ја донесам… решение во кое срцето и умот се судрија. Љубовта кон играта ти дава уверување дека може да се справиш со целиот свет, но тоа не одговара на реалноста, бидејќи веќе не се работи на начинот на кој сакате. Веќе не си 16-годишно момче кое нема и поим што значи да си повреден. Во моментов сум здрав и во добра кондиција, но секако некогаш треба да се каже и крај”, рече Робен за неговата одлука.
Поранешниот фудбалер на Гронинген, ПСВ Ајндховен, Челзи, Реал Мадрид и Баерн одигра 606 натпревари и постигнаа 210 гола во својата 19-годишна клубска кариера. На нив додаде 96 натпревари и 37 голови за холандската репрезентација.