Голманот, Кепа Аризабалага, во интервју за „ru.sport“ објасни, зошто одби трансфер во Баерн и го избра Реал Мадрид. Клубот од Шпанија во текот на летниот преоден рок потпиша договор со 28-годишниот играч од Челзи.
„Да, беше многу брзо. Покетино сакаше да останам во Челзи, ми рече дека ќе играм, дека ми верува но, јас мислев дека промената ќе биде добра за мене“ – вели Кепа.
„Бев блиску да одам во Минхен но, кога ќе ве повика Реал Мадрид, не треба долго да размислувате“- изјави Аризабалага.