Напаѓачот на Вест Хем Јунајтед Марко Арнаутовиќ изрази желба да се врати во Интер, каде што играше од 2009 до 2010 година.
Според „Скај Спорт“, австрискиот фудбалер преку своите претставници јасно ставил до знаење дека сака повторно да игра во Серија „А“.
Во исто време, тренерот на Интер, Антонио Конте, смета дека Един Џеко, кој е член на Рома, претставува приоритетна цел за засилување на нападот. Меѓутоа, доколку не дојде до договор меѓу Интер и Рома, од миланскиот клуб се подготвени да се свртат кон варијанта со Арнаутовиќ, кого Вест Хем е подготвен да го продаде за 25 милиони евра.
Арнаутовиќ дојде во Вест Хем во летото 2017 година. Во јануари 2019 година, беше објавено дека два кинески клуба се заинтересирани за купување на австриец, но тие одбија да платат за трансферот 50 милиони фунти (околу 56,7 милиони евра), што ги бараше управата на Вест Хем.
