Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ побарал да биде ставен на трансфер листата на Болоња во очекување на понуда од Манчестер Јунајтед, пишува италијанскиот весник „Кориере ди Болоња“.
33-годишниот напаѓач имаше одлична сезона во италијанска Серија А, постигнувајќи 10 гола на 32 натпревари.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, продолжува да бара нови засилувања, а Арнаутовиќ е меѓу таргетираните играчи.