Вест Хем потврди дека проблемот со Марко Арнаутовиќ е стабилизиран и фудбалерот ќе остане во екипата до крајот на сезоната. И покрај сите проблеми кои се појавија со неговата желба да оди во Кина, двете страни очигледно најдоа заеднички јазик и Австриецот ќе ја заврши сезоната кај „чеканите“.
„Не е тајна дека имав понуда за мене и морам да признаам дека дека истата беше примамлива за мене и за моето семејство. Отсекогаш давав 100% за мојот тим, но требаше да разговарам со клубот и со моите роднини. Но сега одлучив да престанам да шпекулирам. Јас сум професионален фудбалер и морам да играм фудбал“, вели Арнаутовиќ.
На лондончани им е јасно дека мора да побараат ново име на негово место, па продолжуваат разговорите со Макси Гомез од Селта.