Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше воодушевен од фудбалот што го прикажаa неговиот тим и Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Парижаните по изведувањето на пенали го елиминираа противникот откако мечот од „Енфилд“ во регуларното време заврши 1:0 во корист на гостите.
„Ова беше најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ја немам историјата на Ливерпул како менаџер, но тоа беа два тима на неверојатно ниво, со неверојатен интензитет. Првите дваесет и пет минути…да, се сеќавам на првите 25 минути против Сити дома и првите дваесет минути против Реал Мадрид, но она што го прикажавме денес беше едноставно неверојатно. Гледајќи ги деведесетте минути во целина, мислам дека не заслуживме да загубиме денеска. Со оглед на двата натпревари, мислам дека беше логично да се игра продолженија. Во нив ПСЖ беше нешто подобриот тим, а потоа се се решаваше на пенали“, сподели Слот.
„Секако дека елиминирањето од Лигата на шампионите е шок за играчите. Мислам дека сите навивачи ширум светот сакаа овој натпревар да продолжи и да не престане бидејќи беше неверојатен. На крајот победија тие, но голема несреќа е да се биде број 1 во главниот ждреб, а потоа да се сретнеме со Пари Сен Жермен, чиј тим е еден од најдобрите во Европа. Но, на крајот на краиштата, таков е форматот на турнирот. Го прифаќаме и ќе се вратиме уште посилни следната сезона“, изјави Арне Слот.

