Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арне Слот потврди дека разговарал со Конате за нов договор со Ливерпул
    Фудбал

    Арне Слот потврди дека разговарал со Конате за нов договор со Ливерпул

    risteBy riste14/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека клубот е во преговори со дефанзивецот Ибрахима Конате во врска со продолжување на договорот.

    Иднината на 26-годишникот на „Енфилд“ станува сè по важна, бидејќи неговиот тековен договор истекува во јуни оваа година. Ова значи дека клубот треба брзо да ги реши идните планови на играчот.

    „Во преговори сме со него, а тоа многу зборува за нашите намери. Очигледно, сакаме тој да остане, но разговорите се во тек, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Немаше да ги водиме овие дискусии ако не сакавме да го задржиме“, изјави Слот за „Ливерпул Ехо“.

    Тренерот, исто така, го бранеше Конате, чија игра беше критикувана за повремени грешки. Тој ја нагласи важноста на сигурноста на дефанзивецот и неговото партнерство со Вирџил ван Дајк, што го сочинува ‘рбетот на одбраната на клубот. Слот додаде дека, со оглед на проблемите со повредите и недостатокот на дефанзивци, губењето на Конате би било значителен губиток за тимот.

    Конате оваа сезона одигра 33 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи два гола, неговата пазарна вредност е 50 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.