Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата откако го сруши рекордот за асистенции гледано од страна на дефанзивец во сезоната 2019-20.
21-годишниот играч успеа да ја добие битката со играчите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд како и со членовите на Челзи, Тами Абрахам и Мејсон Маунт.
Александар-Арнолд во претходната сезона имаше 38 настапи со ефект од четири голови и 13 асистенции.

