Ричард Арнолд кој на 1 февруари ќе ја преземе улогата на Извршен директор на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, имал одредени контакти со легендите на клубот кои во моментов работат како фудбалски коментатори и аналитичари.
Тој првично разговарал со Гери Невил и Пол Сколс кои години наназад се меѓу најжестоките критичари на „црвените ѓаволи“ поради лошото раководење на клубот.
Медиумите информираат дека се очекуваат средби и со Рио Фердинанд и Овен Харгривс.