Трент Александер-Арнолд кој игра одлично во тековнава сезона успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди,.
21-годишниот фудбалер на Ливерпул има 16 асистенции со што стана рекордер во лигашкиот фудбал кога се во прашање дефанзивците. Рекордот досега беше во сопственост на левиот бек на Евертон, Енди Хинчклиф, како и на Лејтон Бејнс, кој сè уште настапува за „карамелите“.
„Тоа е голема чест за мене. Отсекогаш сум сакал да помогнам во офанзивата“ – вели младиот играч на „црвените“.