Челниците на фудбалскиот состав Барселона би можеле да се вклучат во трката за потписот на дефанзивецот на Норич, Макс Аронс, тврди денеска весникот – „Дејли меил“.
21-годишниот талент влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн (Минхен), Рома и Евертон а сега според последните информации и Барса може да се обиде да го купи.
Аранс во тековнава сезона одигра 32 меча за „канаринците“ на кои постигна 1 гол и направи три асистенции. Според проценките, неговата трансферна вредност е околу 35 милиони фунти.