Арсенал постави цена од 35 милиони фунти за Фоларин Балогун. 21-годишниот напаѓач имаше само два настапи во Премиер лигата, но имаше многу успешна позајмица во францускиот Ремс минатата сезона.
Заврши четврти на листата на стрелци во Лига 1, зад Мбапе, Лаказет и Џонатан Давид.
Интересот за Балогун е сериозен, а фаворит за неговиот потпис е РБ Лајпциг. Кандидат е и Кристал Палас, а ситуацијата ја следат Интер и Милан.
Арсенал е блиску до потписот на Каи Хаверц, што значи дека Балогун нема да добие шанса да настапи на „Емирати“. Микел Артета е подготвен повторно да го пушти на позајмица, но играчот нема желба да биде повторно позајмен во некој друг клуб.