Арсенал доби сериозен удар само неколку часа пред нивниот прв официјален натпревар во новата сезона.
Вечерва, тимот на Микел Артета ќе гостува кај Брентфорд во воведниот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, но менаџерот на „топџиите“ нема да може да смета на своите две главни ѕвезди во нападот. Според информациите, Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет се болни и затоа отпаднаа комбинација за натпреварот вечерва.
Во оваа ситуација, англискиот репрезентативец Букајо Сака ќе стартува на местото на Обамејанг од левата страна на нападот, а Николас Пепе ќе биде на десната страна. Габриел Мартинели најверојатно ќе го замени Лаказет во центарот на нападот. Томас Парти и Еди Нкетија исто така се надвор од теренот поради повреда.