Англискиот клуб Арсенал го потпиша третиот најголем договор за спортска опрема во историјата на фудбалот, откако парафира официјално 5-годишен договор со германскиот концерн „Адидас”.
Договорот влегува во сила на 1 јули 2019 година и ќе му носи по 60 милиони фунти годишно на клубот до 2024 година, информираат медиумите во Англија.
Адидас ќе ја замени „Пума“ како клуб-производител, со што компанијата сега дава повеќе пари годишно само за Манчестер Јунајтед – 75 милиони фунти по сезона. Рекордер во овој поглед е шпанскиот шампион во Барселона, кој добива 140 милиони фунти годишно од „Најк“.
Арсенал имаше договор со „Пума“ во последните пет сезони, а во претходните две децении играчите на тимот беа облечени од „Најк“. Помеѓу 1986 и 1994 година, кога Арсенал двапати ја освои титулата во Англија, клубот беше дел од семејството на „Адидас“.
Разделбата на Арсенал со „Пума” не става крај на присуството на германскиот бренд во Премиер лигата, бидејќи се очекува наскоро да биде потпишан договор со шампионот Манчестер Сити, што ќе им носи на „граѓаните” по 50 милиони фунти годишно од јули 2019-та година.