Арсенал е еден од фаворитите за ангажманот на младата ѕвезда на француската Лига 1 – Николас Пепе, објави весникот „Л Екип”.
Напаѓачот на Лил се проценува на 45 милиони евра, а Унаи Емери инсистира кај сопственицците на клубот дека сака да го има во тимот.
23-годишниот Пепе е еден од најзаслужните за добрите настапи на неговата екипа во овој дел од сезоната, постигнувајќи 12 гола, а со тоа му помогна на Лил да биде втор зад Пари Сен Жермен.
Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска има клаузула во неговиот договор, овозможувајќи му да замине за 45 милиони евра. Арсенал ќе мора да се бори против голем број клубови за да го добие Пепе, затоа што претходно беше поврзан со Челзи и Манчестер Сити.