Лондонски Арсенал може да стане ново место каде ќе игра напаѓачот на репрезентацијата на Полска и Баерн Минхен Роберт Левандовски, објавија медиумите во Англија.
Во моментов преговорите за нов договор меѓу полскиот напаѓач и Баерн не се во тек. Договорот истекува во летото 2023 година, а Левандовски сака повторно да преговара за условите од актуелниот договор.
Претходно Роберт Левандовски зборуваше за својата отвореност кон понудите од англискиот шампионат, а Арсенал во оваа ситуација изгледа како фаворит во борбата за овој напаѓач.
Исто така, за услугите на Левандовски може да биде заинтересиран и Манчестер Сити, кој се уште не најде достојна замена за Серхио Агуеро. Вреди да се напомене дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола веќе има искуство за работа со Левандовски.