Тимот на Арсенал е пред потпис на договор со францускиот прволигаш Лил за услугите на напаѓачот Николас Пепе.
Англиските и италијанските медиуми пренесоа дека „топчиите“ ја добиваат битката за Пепе и за него ќе платат рекордни 80 милиони евра. Преговорите продолжуваат со цел да се најде договор со самиот играч во врска со личните услови за играчот.
Со тоа, Наполи кој беше најсериозен кандидат за потписот на Пепе се чини ја загуби битката.