Арсенал е најновиот тим кој е заинтересиран за фудбалерот на ПСЖ Адриен Рабио, чиј договор истекува ова лето, тврди весникот „Мирор”.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери веќе бил тренер на 23-годишниот играч токму при престојот во парискиот клуб и според изданието тренерот сака да располага со услугите н аовој играч и во неговиот сегашен тим.
Како што е познато, Барселона се смета за најголем фаворит за неговиот потпис, се верува дека Ливерпул и Тотенхем исто така, сакаат да го привлечат Французинот. Во моментов тој е одвоен од првиот состав на ПСЖ поради неговата желба да го напушти клубот.