Арсенал е уште еден од клубовите кои се заинтереситрани за напаѓачот Марио Балотели, пишува „Газета дело Спорт“.
Италијанецот во моментов е слободен играч, и затоа тој е многу атрактивен на трансфер пазарот. Досега интерес за Балотели има од Борусија Дортмунд, Рома, Наполи, Олимпик Марсеј и неколку други екипи од Серија „А“. „Топџиите” сега им се придружија на овие екипи.
Идејата за привлекување на Балотели е од новиот менаџер на Арсенал Унаи Емери. Шпанецот е свесен за квалитетите на „Супер Марио“, кој последните две сезони настапуваше за тимот од Ница во Лига 1 во Франција, додека Емери беше на чело на Пари Сен Жермен. Балотели има искуство и во Премиер Лигата. Пред извесно време играше за Манчестер Сити и Ливерпул.