Арсенал ги потсети некои од своите sвезди дека мора да ги почитуваат мерките за изолација кои ги има воведенодржавата. Клубот оствари разговор со Николас Пепе, Александре Лаказет, Давид Луис и Гранит Џака, откако се појавија фотографии и видеа од овие четири играчи за кршење на правилата.
Николас Пепе кој е највисоката инвестиција на клубот беше снимен како играше фудбал со пријателите во северен Лондон. Самиот играч сподели снимки од овој настап на социјалните медиуми. Портпаролот на Арсенал го потврди инцидентот, велејќи дека клубот ќе преземе мерки кон играчите.