Арсенал на својата официјална веб-страница го претстави својот нов домашен дрес за сезоната 2023/2024. Овој дрес е посветен на 20-годишнината од сезоната без пораз во англиската Премиер лига.
„Нашиот нов дрес се надоврзува на духот на „Непобедливите 2003/04“ и го означува почетокот на 20-годишнината од нашата сезона без пораз во Премиер лигата. Нашиот грб и лого на Адидас и три ленти на секој ракав се во златна боја, додека нашиот рекорд од 26 победи и 12 нерешени средби во 38 натпревари од таа историска сезона е извезен на страната на автентичната верзија на комплетот“ се вели во информацијата за новиот дрес.

Исто така се истакнува дека за првпат оваа форма на дресот ќе ја користи женската екипа во сабота на 27 мај кога се среќава со Астон Вила во финалниот натпревар од шампионатот. Машкиот тим ќе го носи новиот дрес на последниот натпревар од Премиер лигата против Вулверхемптон во недела на 28 мај.