Играчот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал. Според информацијата која ја објави Тутомеркато, лондончани го обновиле интересот за играчот, а тој е на списокот за засилување на средниот ред на Микел Артета.
Изминатата зима Арсенал веќе се обиде да го купи Мело, но трансферот пропадна. Со потписот на Јувентус со Пол Погба, клубот нема да го задржи Артур кој е со висока плата.
Минатата сезона поранешниот играч на Барселона одигра само 20 натпревари во Серија А во дресот на Јувентус.