Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, во наредната сезона ќе игра како позајмен во екипата на Арсенал без опција да се откупи неговиот договор, објавија денеска медиумите во Англија.
22-годишниот фудбалер кој дефинитивно не влегува во плановите на тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се одлучи да ја промени времено средината за да може да добие соодветна минутажа. Шпанскиот тим не сакаше дефинитивно да ја прекине соработката со Себаљос и затоа му дозволи да замине во Англија, но, само за една сезона.
Според објавеното на веб-порталот на „топчиите“, тој ќе го носи дресот со бројот 8.