Арсенал најави продолжување на договорот со египетскиот играч за врска Мохамед Елнени. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Новиот договор на 30-годишниот интернационалец од Египет ќе биде до крајот на сезоната 2023/2024.
„Горд сум што го претставувам овој неверојатен клуб од 2016 година. Духот и единството што сега владее во нашиот тим се толку позитивни што сум многу среќен што го продолжувам договорот“, изјави Елнени, за прес-службата на клубот.
Вреди да се напомене дека Мохамед Елнени најдолго е во редовите на „Топџиите“ меѓу актуелните играчи на тимот. Тој му се приклучи на Арсенал во зимскиот преоден рок во 2016 година од швајцарски Базел. Оттогаш, Египќанецот има 155 настапи за лондонскиот клуб, постигнувајќи шест гола и 10 асистенции. Елнени оваа сезона во Премиер лигата одигра пет натпревари без постигнат гол, а потоа заработи повреда која го извади од тимот.