Лондонски Арсенал е заинтересиран за францускиот играч за врска на Олимпик Лион, Хусем Ауар , објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Самиот играч исто така нема ништо против за овој трансфер затоа што смета дека го надминал нивото на францускиот шампионат и сака да се обиде со англиската Премиер лига. Во исто време, Лион сака да добие 60 милиони евра за играчот и веќе ја одби понудата на Арсенал да го замени Ауар со играчот од средниот ред Матео Гендузи.
Освен Арсенал, за Ауар е заинтересиран и Манчестер Јунајтед. Хусем Ауар е играч кој потекнува од школата на Лион и игра за првиот тим од 2017 година. Во француското првенство 2019/20, кое заврши пред предвидениот рок, поради пандемијата на коронавирусот, играчот одигра 25 натпревари за Лион и постигна 3 гола.

