Лондонскиот Арсенал по 30-ти пат стигна до полуфиналето од ФА Купот, повторувајќи го постигнувањето на Манчестер Јунајтед. Во четвртфиналето „топџиите“ го совладаа Шефилд Јунајтед со резултат 2:1 на гостински терен.
На третото место по број на полуфинални натпревари е Евертон (26), на четвртото место е Ливерпул, кој во оваа фаза играл 24 пати. Во другите натпревари од четвртфиналето на ФА Купот ќе се сретнат Лестер Сити и Челзи, како и Њукасч и Манчестер Сити.
Актуелен победник на ФА Купот е Манчестер Сити, кој во финалето минатата година го совлада Ватфорд (6:0). Арсенал е шампион по бројот на освоени купови во ФА (13). Второто место го зазема Манчестер Јунајтед (12). Следат Челзи и Тотенхем со по 8 трофеи.