Лондонски екипи Арсенал и Челзи во летниот преоден рок ќе се обидат да го ангажираат дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Усман Диоманде, пренесува португалското издание „Рекорд“.
20-годишниот Диоманде оваа сезона забележа 19 настапи во домашната Премиер лига. Челзи веќе извесно време го следи играчот од Брегот на Слоновата Коска и е подготвен да понуди 60 милиони евра за него.
Диоманде, чиј договор со Спортинг истекува во јуни 2027 година, има ослободителна клаузула од 80 милиони евра.
„Рекорд“ додава дека Арсенал, исто така, внимателно го следи талентираниот дефанзивец, кој е подготвен да ја израмни понудата на Челзи од 60 милиони евра, која може дополнително да се зголеми доколку се вклучат бонуси наместо неговата откупна клаузула.

