Арсенал започна преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Јувентус, Артур. Не е тајна дека Бразилецот е пред заминување од Торино и Јувентус е подготвен да ги разгледа сите понуди за него. Од „Емирати“ сакаат да го позајмат до крајот на сезоната, објави стручњакот за трансфери Фабрицио Романо.
Артур пристигна во Јувентус во 2020 година како дел од договорот за Миралем Пјаниќ, кој се замина во Барселона. Сепак, 25-годишниот Бразилец не воодушеви со своите настапи досега и одигра 41 натпревар, а постигна 1 гол. Ова е причината поради која „бјанконерите“ сакаат да се разделат со него за да ја надополнат својата каса.
Во исто време, сепак, на менаџерот на Арсенал, Микел Артета му се допаѓаат квалитетите на бразилскиот репрезентативец и верува дека тој може да биде корисен за неговиот тим. Артур има 21 натпревар и 1 гол за селекцијата на Бразил.