Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, кој е и голема ѕвезда на тимот, ќе остане во редовите на „топџиите“ со потпишување на нов договор со клубот, тврдат извори блиски до лондонскиот клуб. Англискиот репрезентативец веќе се согласил со понудата што му беше доставена.
Сè уште не е познато колку ќе биде долг договорот на Сака, но новиот договор може да се смета за сигурен. Останува само да се потпише официјалната документација, а потоа тоа ќе биде објавено од клубот.
Оваа сезона, Сака заработи сериозна повреда и има 6 гола и 10 асистенции на 21 натпревар од Премиер лигата.

