Фудбалерот на Леванте и наш репрезентативец Енис Барди е во списокот на желби кај Арсенал. Откако денес уште еднаш Енис Барди беше стрелец на гол за Леванте при победата од 4:2 против Бетис, беше објавена информацијата за заинтересираноста на Арсенал.
El @Arsenal ha presentado una importante oferta por @enisbardhi10
➡️@acffiorentina y un equipo de la Bundesliga también están detrás del macedonio pic.twitter.com/3WDr6ewnxN
— ONDA DEPORTIVA VALENCIA (@ODValencia) June 28, 2020
Шпанското радио „Онда депортива“ сподели информација дека за нашиот фудбалер пристигнала понуда од Арсенал и дека овој Премиерлигаш сака да го види 24-годишниот играч за врска во своите редови. Неговата моментална форма во завршницата од тековната сезона сигурно може да помогне во реализацијата на овој евентуален трансфер.
Барди дојде во Шпанија од екипата на Ујпешт од Унгарија за само 1,5 милиони евра, а досега целосно ги оправда очекувањата со своите настапи и 16 постигнати гола за овие три сезони во дресот на Леванте. Исто така во информацијата се вели дека Фиорентина и еден тим од Бундеслигата се заинтересирани за Енис Барди.