Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал ја договорил цената со Вест Хем за Деклан Рајс
    Фудбал

    Арсенал ја договорил цената со Вест Хем за Деклан Рајс

    risteBy riste13/06/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Арсенал ја договорил цената со Вест Хем за играчот од средниот ред Деклан Рајс, објави „The ​​Guardian“.

    Според изворот, вкупната сума ќе биде повеќе од 115 милиони евра, земајќи ги предвид бонусите. „Топчиите“ се уверени дека нивната понуда за Рајс ќе биде најпрофитабилна, иако знаат дека за играчот се заинтересирани и други врвни клубови, меѓу кои Баерн и Манчестер Јунајтед. 

    Самиот Деклан Рајс сака да остане во Англија, што ги зголемува шансите на Арсенал да потпише со играчот. Во сезоната 2022/2023, Рајс забележа 50 настапи за Вест Хем во сите натпреварувања, во кои постигна пет гола и три асистенции. Играчот од средниот ред беше прогласен за најдобар играч во Конференциската лига.

    Договорот на играчот со Вест Хем е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 80 милиони евра.

    Вест Хем претходно соопшти дека Рајс летово ќе го напушти клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.