Во САД ноќеска беше одигран пријателскиот натпревар помеѓу лондонски Арсенал и Барселона. Натпреварот заврши со резултат 5:3 во корист на Арсенал.
Резултатот го отвори Барселона преку полскиот напаѓач Роберт Левандовски во 7-та минута. Шест минути подоцна Букајо Сака го израмни резултатот. На ова во 34. минута со својот гол одговори бразилското крило Рафиња. Германскиот играч за врска Каи Хаверц повторно го израмни резултатот во 43. минута.
На стартот на второто полувреме , во 55. минута Белгиецот Леандро Тросард го постигна својот прв гол. По 23 минути веќе постигна уште еде гол за водство на Арсенал од 4:2. Шпанското крило Феран Торес постигна гол во 88. Минута и намали на 4:3. Конечниот резултат го постави Фабио Виеира во 89. Минута за 5:3 победа на Арсенал.