Челниците на фудбалскиот состав Арсенал по вчерашниот пораз на домашен терен од Брајтон во рамките на Премиер лигата, најавиле дека планираат да го ангажираат тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Според весникот –„Мирор“, доколку искусниот стратег од Аргентина се определи да си замине од стадионот –„Винсенте Калдерон“ бидејќи неговиот тим има лоша сезона, тогаш „топчиите“ ќе му испратат примамлива понуда.
Арсенал во моментов го води Швеѓанецот, Фреди Љунгберг, кој е само времено решение по заминувањето на Унаи Емери.

