Дефанзивецот на Челзи Давид Луис е подготвен да премине во Арсенал, соопштуваат „Скај Спортс“ и „Би-Би-Си“. Според информацита бразилецот тренирал посебно од главната група на играчи на Чезли на вчерашниот тренинг.
„Топџиите“ сакаат да ја засилат својата одбрана, откако е се појасно дека клубот го напушта капитенот Лорен Кошиелни. За остварување на оваа цел клубот има само неколку часа, зато ашто попладне ќе биде затворен трансфер периодот во Англија и клубовите нема да може да купуваат нови играчи. Официјална понуда сеуште нема, од Челзи не зборуваат за желбата на Давид Луис за напуштање на нивната екипа, а од друга страна имаат забрана за купување на играчи и во случај Луис да замине би останале со тројца дефанзивци – Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и Курт Зума.
Меѓувремено, „Скај Спортс“ тврди дека Арсенал е постигнал договорка со Селтик за цената на Киран Тирни. Се очекува денес левиот бек да допатува во Лондон за да потпише со новиот клуб..