Голманот на Арсенал, Петар Чех, ќе биде отсутен од теренот околу еден месец, соопштиле денес од клубот. Тој доби повреда на натпреварот против Ватфорд во саботата.
36-годишниот голман се повреди при едно уфрлање на топката во игра и доби истегнување на мускулот непосредно пред паузата кога беше заменет од Бернд Лено. Се очекува да продолжи со тренинг по четири недели.
Чешкиот голман сигурно ќе пропушти два натпревари од Лигата на Европа и натпреварите од Премиер Лигата против Фулам, Лестер и Кристал Палас. Не е познато дали голманот на Арсенал ќе закрепне за домашниот натпревар со Ливерпул на 3 ноември.