Арсенал е подготвен да ги слушне понудите за напаѓачот Александре Лаказет во текот на летото, пишува „Фудбал Лондон“.
Договорот на Французинот истекува за една година, па од „Емирати“ се подготвени да го продадат доколку добијат задоволителна понуда за него. Во оваа фаза се чини дека Арсенал нема намера да му понуди нов договор на Лаказет, што дополнително најавува претстојна разделба на лето. Нешто слично се забележа од зборовите на менаџерот Микел Артета на оваа тема пред некое време.
„На лето ќе разговараме за тоа што ќе правиме. Во моментов не разговаравме на темата за новиот договор со Лаказет. Јас сум многу задоволен од неговиот учинок, головите што ги постигнува и енергијата што ја остава на теренот. Тој мора да продолжи во истиот дух“, беа зборовите на Артета.