Аргентинскиот фудбалер и репрезентативец Кристијан Павон би можел карирата да ја продолжи во Англија и тоа во дресот на Арсенал. „Топчиите“ сериозно се заинтресираа за услугите на Павон, кој имаше редовен настап во дресот на „гаучосите“ на ова СП.
Покрај Арсенал за услугите на Павон е заинтересирана и Барселона. Се претпоставува дека износот на трансферот на 22-годишниот напаѓач на Бока Јуниорс би можел да се движи околу 50 милиони евра.