Арсенал е само уште еден клуб кој е заинтересиран за играч од средниот ред на Порто, Ектор Ерера. Според информации на португалскиот печат лондончани ќе извадат понуда за мексиканскиот репрезентативец оваа зима, но конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде жестока, бидејќи тој е посакуван и од Рома, Интер, како и Реал (М).
Договорот на играчот со “змејовите” истекува следното лето, а тој нема потпишано нов договор. 28-годишниот фудбалер се проценува на 40 милиони евра, но оваа цена може драстично да се намали доколку не влезе во нова соработка со својот сегашен тим.