Младиот фудбалер на Шахтјор, Микола Матвиенко, може да добие понуда да се пресели во редовите на Арсенал, најави неговиот агент задолжен за трансфери.
„Топчиите“ имаа многу проблеми во дефанзивниот ред и сакаат да обезбедат квалитетно засилување. Тоа на некој начин го потврди и тренерот на англичаните, Микел Артета, на што се надоврза и Јуриј Датченко, менаџерот на младиот дефанзивец.
„Изминатиов период со моите колеги сме во постојан контакт со претставниците на Арсенал и имавме неколку средби. Се надеваме дека преговори меѓу двата тима ќе успеат“ -изјави агентот на фудбалерот.