Медиумите во Англија започнаа со шпекулации дека тренерот на Арсенал, Микел Артета, набрзо ќе заработи отказ доколку тимот ја продолжи лошата серија во Премиер лигата.
„Топчиите“ се наоѓаат на 15. место со само 13 освоени бодови. Според предвидувањата, тимот од Лондон исто така ќе се обиде да ангажира и врвен голгетер бидејќи има крајно лош ефект на реализација.
Според потенцираното, Арсенал сака да го ангажира Собослаи од Салцбург кој има откупна клаузула од 25 милиони евра. Доколку тоа се случи, тимот од Австрија ќе има право да добие 20 проценти од сумата која ќе биде платена за Унгарецот доколку потоа направи нов трансфер.

