Главниот стопер на Брајтон, Бен Вајт, ја прифати поканата да се пресели во екипата на Арсенал, објавија дел од медиумите во Англија.
23-годишниот фудбалер треба да ја засили одбраната на „топчиите“ кој се покажа како најслабата алка во изминатата сезона. Трансферот е вреден 55 милиони евра со што е соборен рекорд кога станува збор за дефанзивен играч кој бил купен од Арсенал.
Вајт потекнува од школата на Саутемптон а во екипата на Брајтон се активираше во 2014 година.