Познати се деталите од договорот што лондонски Арсенал му го понуди на играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц.
Според познатиот инсајдер Николо Шира, „топчиите“ му понудиле на Хаверц договор до 2028 година. Германецот минатава сезона забележа 47 настапи за Челзи во сите натпреварувања, во кои постигна девет гола и една асистенција.
Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2025 година, а проценетата цена на фудбалерот во моментов е околу 60 милиони евра.