Откако тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, беше позитивен на корона-вирусот, целиот тим на „топчиите“ беше ставен во карантин во рок од 14-ет денови.
Тој термин ќе истече во вторник по што повторно ќе биде отворен трениг-центарот во клупската база во Колни, најавија денеска медиумите во Англија.
Бидејќи Шпанскиот тренер ја доби битката со Ковид-19 а фудбалерите на покажале симптоми, се очекува тренинг процесот да продолжи со надеж дека сезоната ќе биде повторно активна од 3 април.