Арсенал се уште нема одлучено што ќе прави со двајца фудбалери кои очигледно веќе не се во плановите на менаџерот Артета. Станува збор за Томас Парти и Жоргињо. Договорите на двајцата се до крајот на сезоната, а клубот се уште размислува дали да ги продолжи.
Парти веќе има 31 година, додека Жоргињо 32 и веројатно за Арсенал ќе биде доста ризично да потпише нови договори подолги од година или две. Тие исто така имаат големи плати што го оптоваруваат буџетот на клубот, па затоа медиумите шпекулираат дека ќе им биде дозволено да си заминат на крајот на сезоната.

