Од раководството на Арсенал не сакаат да ризикуваат со нивниот фудбалер Хендрик Мхитарјан и тој нема да игра во финалето на Лига Европа против Челзи, пишува весникот „Тајмс”.
Натпреварот ќе се одигра на 29 мај во Баку, а токму локацијата на одигрувањето на финалето е причината зошто „топџиите” ја донесуваат оваа одлука. Од клубот стравуваат дека поради заладените политички односи меѓу Ерменија и Азербејџан присуството на Мхитарјан во Баку може да создаде огромни проблеми и да ја попречи концентрацијата на тимот. Уште откако Арсенал се пласираше во финалето, се појавија сомневања дали е 30-годишниот играч ќе патува со тимот за Баку.
Од Азербејџанска страна потврдиле дека нема да има проблем Мхитарјан да игра во финалето, иако претходно во текот на сезоната од безбедносни причини тој го пропушти гостувањето во Карабах во групната фаза на Лига Европа.

