Играчот од средниот ред на Асренал Месут Озил најверојатно ќе остане во Арсенал следната сезона поради тоа што никој не даде понуда и не покажа интерес за него.
Според „Дејли меил”, од Арсенал биле подготвени да ја разгледаат можноста за продажба на 30-годишен фудбалер кој заработува 350 000 фунти неделно, а со тоа и да го исклучи од платниот список.
Сепак, информациите кои ги објави „Дејли меил“ велат дека Арсенал сè уште не добил никакви официјални понуди или барања за Озил, кој е поврзан со оваа екипа со договор до 2021 година. Затоа, во летниот преоден рок овој играч од средниот ред веројатно ќе остане во кампот на лондонскиот тим.
Минатата сезона, во Премиер лигата Озил одигра 24 натпревари во кои постигна 5 гола и 2 асистенции. Претходно, Озил рече дека е среќен во Арсенал, а неговиот агент изјави дека Месут Озил ќе игра за Лондонскиот клуб барем до истекот на договорот.