Раководството на Арсенал направи нова и подобрена понуда за нов договор за играчот од средниот ред, Џек Вилшер.
Англичанецот има договор до крајот на сезоната и по враќањето во добра форма, тимот сака да го задржи, но проблемот е што многу други клубови го сакаат во своите редови.
Само пред неколку недели, клубот му понудил долгорочен договор на играчот, но со намалена плата, по што истиот беше одбиен. Сега на маса е нов договор за кој треба дополнително да се разговара.