Во еден од централните натпревари од 15. коло на англиската Премиер лига на стадионот „Емирати“ во Лондон, Арсенал го совлада Челзи со 3:1.
Но она што беше впечатливо пред почетокот на оваа средба беше тоа што недостасуваа тројца првотимци во стартниот состав. Од Арсенал веднаш го објаснија отсуството на Габриел, Давид Луиз и Вилијан кои не беа вклучени во тимот за оваа средба.

Според официјалниот Твитер профил на „топџиите“, дефанзивецот Габриел ќе ги пропушти следните три натпревари, бидејќи неодамна бил во контакт со заразен со КОВИД-19 и ќе мора да оди во изолација. Дефанзивецот Давид Луиз и играчот од средниот ред Вилијан и двајцата имале негативен тест за коронавирус, но денес не се чувствувале добро и затоа останаа надвор од

