Еден од главните играчи на Арсенал, Ектор Белерин, веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Десниот бек беше дел од екипата која синоќа дојде до победа над Челзи, но заработи повреда на коленото, односно има скинати вкрстени лигаменти на коленото.
Белерин се повреди при еден дуел и мораше да биде изнесен на носила во 72-та минута, а тоа беше очигледно бидејќи веднаш реагираше откако почувствува болката во левото колено. Ова е голем удар за Унаи Емери кој ќе мора да смета само на Лихтштајнер на десната бековска позиција.